Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе на три трки до крајот е лидер во пласманот во Европскиот шампионат на ридски патеки. Претстојниот викенд ќе настапи на патеката Сент Урсан во Швајцарија и со добар резултат ќе се доближи до нова титула.
„И викендов очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал“, рече Иџе.
За потсетување, трката во Швајцарија ќе биде осма од десетте планирани сезонава во Европскиот шампионат.