Иџе победи во Швајцарија и постави нов рекорд на патеката

Игор Стефановски Иџе останува главен фаворит за освојување на нова титула на Европскиот шампионат во ридски патеки, по одличните две возења во Швајцарија. На патеката Сент Урсан, со својот „Хјундаи И30 Н ТЦР“, уште во првото возење постави рекорд со време од 2:05.018.

Стефановски беше најдобар и на втората трка кога забележа време од 2:07:146, па сега е во уште подобра позиција за да биде најдобар во Групата на Европскиот шампионат. До крајот му останува да извози уште две трки од календарот за да стигне до третата титула.

За потсетување, од календарот во EHC шампионатот, на програмата остануваат уште трките во Словенија во Илирска Бистрица и Хрватска во Бузетски дани.

 

 

 

Scroll to Top