Игор Џамбазов и Гуру Харе промовираа албум

Игор Џамбазов со музичарот Игор Атанасовски познат како Гуру Харе го промовираа нивниот заеднички албум „Првите триесет“. Актерот го промовираше и 20. издание на неговата најпродавана книга „Гол човек“, како и маичките со стиховите од нивните песни.

На промоцијата дојдоа многу нивни пријатели меѓу кои Весна Петрушевска, Тони Михајловски, Лила Стојановска, а беше и српскиот актер Милан Калиниќ. Диџеј Зоки Бејбе направи убава забава за гостите додека Игор и Харе им го потпишуваа новиот албум на кој има познати хитови.

„Една незаборавна ноќ и за нас, но и за публиката која во огромен број дојде за да ни ја испочитува тридецениската посветеност кон блузот и музиката воопшто. Ви благодарам на сите што дојдовте. И баш ни беше убаво. Се дружевме, се гушкавме, се фоткавме и потпишуваме со Харе. И уште едно благодарам на сите што си купивте од моите маички и од 20-то издание на “Гол човек”“, рече Џамбазов.

Scroll to Top