Игор Џамбазов ја доби актерската награда за животно дело „Петре Прличко“

Актерот Игор Џамбазов е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко. Веста ја објави акерот Зоран Љутков.

„Особена чест ми претставуваше што токму денес, на промоцијата на Игор Џамбазов на “Присобрани дела”, како дел од Саемот на книга 2022, во присуство на многу колеги, на мојот пријател и колега му соопштив дека жири комисијата одлучи тој да биде добитник на актерската награда за животно дело “Петре Прличко”. Наградата официјално ќе му биде предадена на 19 мај, на отворањето на новоформираниот театарски фестивал во Велес, а на наше огромно задоволство добитникот на наградата за животно дело, Игор Џамбазов, како единствен наследник на животот и делото на Петре Прличко, даде дозвола истиот да се преименува во “5ре” во чест на неговиот дедо.  Велес е горд на својата култура, на големите имиња кои оставиле трага во минатото која силно одѕвонува до денес.“, вели Љутков. 

Scroll to Top