Игор Џамбазов наполни 60 години: Aко животов ми беше хокеј ја играм последната третина

Глумецот и шоумен Игор Џамбазов денес прослави роденден. Наполни 60 години, а во негов стил, роденденот си го честита самиот на себе.

„Да беше животов хокеј, овој ден ќе беше почеток на последната, трета третина. Ако на крајот биде нерешено, ќе има и продолжетоци. Јадев 60-ка со кромид, среќен ми роденден и на здравје нека ми е“, рече Џамбазов.

Роденденски честитки доби и од фановите, но и од познатите, кои споделуваат заеднички слики со глумецот на своите профили. Весна Бејби и оваа година му посака да си најде жена за конечно да му биде кума или старосватица на свадба.

 

Scroll to Top