Игор Џамбазов тргна по патот на Алеф

Глумецот и шоумен Игор Џамбазов ја глуми главната улога во играно-документарниот филм „Ти си Алеф“, кој премиерата ќе ја има вечерва во 20 часот во Македонска опера и балет. Филмот е комплетно дело на проф. д-р. Соња Ризоска-Јовановска, која е режисер, продуцент, автор и сценарист на филмот. „Ти си Алеф“ ја раскажува приказната за неуморниот патник Алеф (Џамбазов) кој тргнал кон патот на вистината, правдата, светлината и љубовта, во потрага по духовното обновување.

dobivaj vesti na viber

На промоцијата вечерва концерт ќе одржат Абаз Јахја и Ајдин Јахја, а ќе биде отворена и ликовната изложба „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“ на Живко Поповски – Цветин.

Scroll to Top