Актерот Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил реши да ги расчисти недоразбирањата со Бугарија, па во свој стил му врати на Каракачанов. “Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, а Каракачанов е Македонец кој зборува бугарски јазик“, напиша Џамбазов кој не додржа да го премолчи спорот со Бугарија, како и негирањето на Македонскиот јазик и нација од страна на Бугарите.