Игор Иџе Стефановски постави нов рекорд на трка во Австрија: ова не се пренесува, ова се доживува

Македонскиот автомобилист Игор Иџе Стефановски постави нов рекорд на трка во Австрија, на која учествуваа 260 автомобилисти од цела Европа.

„Втора трка – 1 место и нов рекорд во група три иако со најдобро време во втората трка и поставување на нов рекорд во група три сепак за неполна секунда неуспеавме да се избориме за прво место по собирањето на времињата од двете трки, но покрај се задоволни од овој викенд“, напиша Иџе.

На оваа патека во Австрија Иџе се врати повторно после осум години.

Тој објави и видео на Инстаграм од пречекот кој го имал тој на тркачката патека. Колона од љубители и поддржувачи на овој адреналиснки спорт.

„Ова не се пренесува, ова се доживува“, напиша Иџе.

Scroll to Top