Игор Стефановски-Иџе освои второ место на трката во Франција

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои второто место на првата сезонска трка во Франција во Сан Жан ду Гард. По пауза од неколку години, Иџе повторно се натпреварува во Европскиот шампионат на ридски патеки.

Во категоријата 1 во третата група беше втор, а трката ја заврши за 5:45:790 минути по двете трки. За потсетување Французинот Николас Грание беше прв во оваа група со 5:45,073 минути. Италијанецот Антонино Мигљуло беше трет.

Scroll to Top