Игор Стефановски Иџе по третпат стана европски шампион

Најдобриот автомобилист Игор Стефановски Иџе, по третпат стана европски шампион и ја потврди титулата во Европскиот шампионат за ридско-планински трки. Последните две трки ги возеше во Бузет, во Хрватска. Трката ја заврши пред Николас Вервер.

За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, успеа да го повтори успехот и пак е европски првак. Сезонава дојде до седум победи од вкупно десет трки во својата категорија, а трипати беше второпласиран, па јасно е дека трофејот е заслужен.

Scroll to Top