„Илина ми е сè што немам“- Игор емотивен за роденденот на девојка си

Алпинистката Илина Арсова слави роденден. Нејзиниот дечко, актерот Игор Џамбазов (57), на  „Инстаграм“ ѝ го честиташе роденденот со симпатична порака:

„Таа е сè што имам.
Таа е сè што немам.
Таа денес полни 38 лета.
Среќен роденден, среќо моја!“, напиша Џамбазов.

Игор и Илина веќе некое време се во љубовна врска. За нив постојано се пишува во медиумите, а тие постојно објавуваат заеднички фотки и видеа. Двојката беше во Дојран, но неодамна заминаа малку и по селата во Западна Македонија, од каде објавуваа фотографии.Во мометов се во селото Јанче, во близина на Дебар.

Scroll to Top