Инфлуенсерката Александра Шијакоска го прослави 29. роденден една недела пред операција на туморот

Александра Шијакоска, една од најпознатите модни инфлуенсерки во Македонија, вчера го прослави својот 29. роденден. Таа на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од синоќешната забава.

Шијакоска наскоро треба да го оперира туморот на глава, за кој откри дека го има кон крајот на минатиот месец. Па во описот на фотографиите таа откри дека ќе раскаже во книга за борбата со болеста, откако ќе помине операциониот зафат.

„Пред две години ја читав „Пиреј“ и ми остана во главата. Ние луѓето не сме свесни за силата која ја имаме дури не ни тропне на врата тоа од кое најмногу се плашиме. Мене многу од работите кои ме плашат ми се случија во една година, но измеѓу имаше и многу среќни моменти. Се трудам да се фокусирам на тие среќни моменти и со нив во глава со цела сила да се спремам за операција. Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца, ќе му се изнасмеев. По неколку дена плачење и прашување зошто јас, имав време да размислам за сите случувања во мојот живот. Господ ме спремал, за ова ме челичел, а јас го знаев тоа, го чувствував. Не сакав ни да го прославам роденденот, ни да се сликам ни да ме гледа некој. Сакав да го преспијам периодот до операцијата, ама време е да научам да живеам денес, а не да чекам да се случи нешто. Знам дека се ќе биде добро. После ова пишуваме книга заедно. Јас ќе раскажувам, а некој добар пишувач ќе пишува. Фала ви на сите за грижата и убавите мисли, ми изгледаше нефер да не ве известам што се случува со мене. Јас сум добро и се спремам за операцијата која е закажана во текот на наредната недела. Вака-така истуркавме до 29.“

Scroll to Top