Истакнати уметници со отворено писмо до Владата да почне со изградба на филмскиот град што ќе го предводи Џон Малкович

Истакнати македонски, српски и балкански професори, театарски, филмски и музички уметници упатија отворено писмо до македонската Влада да започне со реализација на проектот „Скопје технолошки парк“  за  реализација на филмскиот град. Ова дојде по најавта за основање на филмски и музички студија во Скопје,  „Стоунбриџ Студиос“, кои би ги предводеле врвните холивудски ѕвезди Џон Малкович, Мат Дилон и Д.В.Мофет ги обедини

Меѓу потпишаните се и Драган Бјелогрлиќ, Мики Манојловиќ и Срџан Драгоевиќ.

„Свесни дека од осамостојувањето до денес, оваа иницијатива претставува еден од највозбудливите и најперспективните предизвици за севкупен економски, културен и технолошки исчекор на македонското општество, сакаме да ја охрабриме Владата за брзо и неодложно остварување на проектот СТП. Ги ставаме во функција сите наши академски и професионални капацитети одлуката која ќе ја донесе за доделување на статус на стратешка инвестиција на СТП, да помогнеме да ја спроведеме во дело“ – стои во отвореното писмо до македонската Влада. Писмото го објавуваме во целост, а го споедлуваат  речисис сите познати имња од уметноста, филмот и театарот.

Scroll to Top