(Видео) Истата празнина 20 години, ме крпи мислата дека си на некое поубаво месо: Сузана Туринџиева за починатиот брат Панде

Пејачката и  водителка Сузана Турунџиева сподели емотивна објава во спомен на нејзиниот трагично починат брат.

Братот на пејачката го загуби својот живот на 36 годишна возраст работејќи во Канада. Панде Турунџиев според написите во медиумите најпрво бил киднапиран, па убиен под неразјаснети околности, кои семејството никогаш не ги дознало и до крај никогаш не биле расветлени.

Болката за семејството Турунџиеви не стивнува и по дваесет години од загубата. Во спомен на својот брат пејачката сподели емотиво видео.

„Денес се навршуваат 20 години, а јас сè уште не го најдов тоа „време кое лечи сè“. Истата болка, немир и невидена празнина. Ме крепи само мислата дека можеби моето братче се наоѓа на некое подобро место од ова“, вели Турунџиева.

Scroll to Top