Ива Пројковска испиша историја во македонскиот фудбал, првпат на натпревар од Првата лига судеше дама

Интернационалната судијка на ФИФА, Ива Пројковска вчера испиша историја во македонскиот фудбал. Првпат на еден натпревар од Првата лига судеше дама.

Натпреварот од 25-то коло во Тетово меѓу Шкендија и Победа, го судеше најдобрата македонска судијка Ива Пројковска. Таа ја делеше правдата на мечот од 25. коло во Тетово меѓу Шкендија и прилепска Победа кој заврши со триумф на Шкендија од 2-0.

„Сонот не станува реалност преку магија, потребна е пот, решителност и труд. Прва жена судија во топ македонската машка дивизија.ФК Шкендија vs ФК Победа 02.04.2023“, напиша Ива.

Scroll to Top