Ивана Јо не крие дека е среќна со цимерката Тамара на море

Пејачката Ивона Јо замина на одмор во Грција со нејзината другара и цимерка Тамара Волческа, која исто така е музичарка. Изминатиот период Ивона и Тамара објавија нови песни и имаа голем број настапи во кафулиња низ земјата.

Девојките уживаат во деновите без обврски на море во Ханиоти, по напорниот период.

Ивона Јо имаше голем успех со нејзината прва песна „Буквално“ за која направи промоција во скопско кафуле во кругот на блиските пријатели и соработници.

Додека пак Тамара еден месец подоцна ја промовираше нејзината песна „Место од спомени“.

 

Scroll to Top