Ивона Јо: Елена Лука се откажа од спонзорство недела дена пред снимање на спотот

Ивона Јо неодамна ја промовира својата песна „Буквално“. Пејачката имаше голема промоција на српски јазик пред бројни пријатели, колеги, медиуми и семејството. Таа дури и се расплака на својата промоција. Сепак, и подготовките околу спотот не оделе бaш лeсно. Ивона Јо  открива дека модната куќа на Елена Лука, кои и ветиле дека спонзорство и дека  ќе застанат зад проектот со нивна дизајнерска облека, на само недела дeна пред промоција ја оставиле на цедило без објаснување. Во поткастот кај Лазаров, Ивона Јо ја раскажа својата страна:

„Ја сум многу фер и коректна, ама кога човек ќе излезе кон мене нефер и некоректен, не можам да молчам. Јас барав спонзори, пред да почнам снимање. И ми текна на Елена Лука, која има прекрасни креации. Таа и еднаш сама ми пиша, дека секогаш ќе биде тука, ако ми треба. И така, со мојот пиар закажавме состанок, за да ја прашаме дали ќе се сложи. Таа се сложи веднаш, но постави и свои услови, мојот дизајнер скроз да се тргне, затоа што ни имавме спремно креации, и дека таа се ќе помогне финансиски и со дизајнерска облека. Кога отидов на состанок таа не дојде, се гледавме на камера, ме тераше да отпеам песна, нејзиниот тим, секоја чест, ми зедоа мерки димензии се. Една недела пред промоција се јави мојот пиар да ми кажат дека и се јавил човекот од состанокот за да и каже дека се повлекуваат од се ова. Јас ја побарав,и напишав порака да ми даде објаснување , но за жал до ден денс мојата порака остана неодговорена, иако таа ја виде. Не знам зошто вети нешто што не можеше да го исполни, на крај, мојот дизајнер Давид, за среќа, беше тука за се“ вели Ивона во поткст кај Лазаров.

Редакција Репортер и прати порака на Елена Лука, за да ни ја каже својата страна , но засега не добивме одговор.

Scroll to Top