Изгореа автомобилите на Ребека и Сузана Турунџиева

Автомобилите на пејачките Ребека Јанковска Ристескии Сузана Турунџиева изгореа ноќеска во пожар. Противпожарни екипи интервенирале откако бил пријавен пожар на две возила, пренесува Досие.мк.

Првиот автомобил, „мини купер“ била запален, а од пожарот била зафатена и вториот автомобил. „Мини куперот“ е во сопственост на пејачката Сузана Турунџиева, а до него бил паркиран автомобилот на Ребека. Автомобилите биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза.

Повредени нема, а надлежните ќе ги утврдуваат причините за опожарувањето на возилата. Од Пожарна велат дека интервенцијата била во 3 часот изутрината и траела еден час.

Scroll to Top