Изложба посветена на животот на Тоше Проески се отвори во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба за самостојност вчера се отвори изложбата „Спомен куќа на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп-икона“.

На изложбата се прикажани делови од животот на Тоше, почнувајќи од неговото детство, па до последните постхумни награди и албуми. Има и 15 фотографии на платно, парчиња облеката од Тоше и неговата омилена гитарата.

Изложбата е во организација на Спомен куќа на Тодор Проески Крушево и ќе биде отворена за јавноста до 23 ноември.

Scroll to Top