„Ја сакам до бескрај и ништо не барам за возврат“: Сопругот Мики ѝ го честита роденденот на Ребека

Претседателката на здружението „Дајте ни крилја“ и поранешна пејачка, Ребека Јанковска-Ристески, вчера наполни 49 години. Роденденот на социјалните мрежи ѝ го честитаа и пријателите и фановите, но честитката од сопругот Мики дека ја сака до бескрај го привлече најголемото внимание.

„Колку сум среќен? Ти не си моја болка, туку лек. Среќен сум што не си икона, туку постоење. Среќен сум што сакаш до бескрај, а ништо не ти треба за возврат. Нека ти е среќен роденденот, најмила моја. Сакам само мирно море до бескрајот на хоризонтот. За Ребека, за целата среќа што ми ја подари“, стои во честитката од Мики на „Фејсбук“.

Ребека и Мики, кој е доктор специјалист по радиологија и онкологија, се во брак 14 години. Тие имаат три сина, Маркијан (13) и близнаците Доротеј и Макариј (6).

 

Scroll to Top