Пејачката Елена Петреска оздраве од коронавирус. Таа објави дека поминала 14 дена на Инфективната клиника во Скопје ѝ му се заблагодари на целиот медицински персонал кој ѝ помогнал да го преброди овој тежок период за неа.
„Најискрено од срце се заблгаодарувам на целиот медицински персонал од Инфективната клинка, тие се моите херои. Херои за кои имам многу да раскажувам, зошто, ако ништо друго барем тоа им го должам, да знаат сите што значи нивната посветеност и пожртвуваност во овие тешки времиња. Сакам да ви кажам дека ја видов вистинската слика за тоа што значи оваа пандемија, која во целост ќе ви ја пренесам деновиве преку видео“, напиша Елена.