Јадел прасе со четири вида пица – пукна Твитер по објавата дека Маричиќ се гоштавал на државна сметка

Откако вчера беше објавено дека министерот за правда Бојан Маричиќ јадел и пиел по ресторани на државна сметка, на социјалните мрежи не престанаа да го повикуваат и да се потсмеваат на негова сметка. Во објавата пишуваше дека Маричиќ се гоштавал со бифтеци и печења, свежи риби и јунешки мускули и сето ова се плаќало со неговиот министерски потпис. На сметките исто така има и жолти ракии и висококвалитетни вина. Плаќал со службената картичка, но и на фактури што угостителските објекти ги доставувале до Министерството за правда. Од минатиот јануари до јануари оваа година, Маричиќ исплатил 313.603 денари или 5.000 евра за гозби по кафеани. Редакција Репортер избра дел од твитовите.

 

 

 

Scroll to Top