Јана Стојановска: Мајка ми е невина

By

Јана Стојановска ќерка на актерката Силвија Стојановска, која беше приведена за шверц на дрога, за српските медиуми вели дека нејзината мајка е невина и дека единствената нејзина поврзаност во случајот е поради братот на нејзиниот сопруг, кој исто така е осомничен за шверц на дрога.

„Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена. Сепак брзо беше утврдено дека таа нема врска со продавање на дрога. Мојата мајка е поврзана во целиот случај само поради братот на нејзиниот сопруг. Мајка ми ја нападнаа и приведоа без причина, таа е невина“, вели Јана за српскиот портал „Република“.

Таа додава дека истрагата ќе покаже дали сопругот на Силвија е вмешан во шверцот.

„Не знам дали нејзиниот сопруг има врска со ова. Тоа треба да го покаже истрагата. Тоа што знам е дека мајка ми нема никаква врска со криминал. Се слушнавме по сослушувањето, беше потресена, но сега е добро. Одреден ѝ е куќен притвор, но потоа ќе бараме да се брани од слобода“, вели Јана која објаснува дека ова нема да ја наруши кариерата на мајка ѝ.

Јана во моментов живее во Бкурешт со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ, и синот Ненад, кој има три и пол месеци. Силвија Стојановска е ќерка на познатиот актер Ацо Јовановски и сопруга на починатиот актер Ненад Стојановски. Вработена е во Драмскиот театр, има играно во многу популарни претстави, како и во ТВ-серии и во филмови. Мајка е на двете познати актерки Ана и Јана Стојановски.

„Со кој памет медиумите објавуваат“, ќерката на Силвија Стојановска се огласи по приведувањето

Ќе ви се допадне

Orange (Dub) Episode 13

WCOStream: Tamako Market anime episode 12 online free at https://wcostream.cc watch cartoons online wcostream

AniWatch Watch anime online, English anime online HD

https://animepahe.cc free anime online

Lawrence: http://www.lawrence.com/users/animeflixnl/

Bloggang: https://www.bloggang.com/mainblog.php?id=animeflixnl&month=23-06-2021&group=1&gblog=2