Јане Велковски стана полуматурант, момчето кое ги освои симпатиите на фудбалските ѕвезди

Јане Велковски, момчето од Скопје за кое дозна целот свет за време на Суперкупот, поради неговата голема љубов кон фудбалот, сега веќе е полуматурант.

„Јас сум Јане Велковски, и учам во шесто одделение во подрачното основно училиште „Димитар Поп-Ѓеоргиев Беровски“ во населбата Хром“.

Вака се претстави пред неколку години, а светот дозна за него и љубовта кон фудбалот и покрај здравствената пречка. Тој се запозна и со најголемите светски фудбалери, а беше дел и од сторијата на УЕФА во која рече: Играм фудбал иако не можам да одам.

Јане Велковски сега има полни 14 години, а неговата мајка објави дека веќе е полуматурант.

За посетување, Јане боледува од спинална мускулна атрофија. Освен што ги запозна големите фудбалски имиња, тој беше и во Њујорк каде зборуваше на самитот на УНИЦЕФ по повод Светскиот ден на децата.

 

 

 

 

 

Scroll to Top