Актерката Јелена Јованова ќе ја толкува главната женска улога во шпански филм, пишува Факултети.мк. Јованова започна со снимањето на филмот „El desentierro“, кој е во режија на Начо Руиперез. Таа за потребите на улогата ја скратила косата, а сега е и црнокоса.
Во филмот друштво ќе ѝ прават познати шпански актери, Хан Корнет, но и косовскиот актер со холивудска кариера, Арбен Бајрактарај.
„За потребите на филмот учам шпански. Ме радува ваквиот предизвик и се надевам дека на крај ќе имаме одличен филм“, рече Јелена.
Македонската актерка ја очекува и премиерата на српскиот филм „Злогоње“, кој е во постпродукција, а ние наскоро ќе ја гледаме во ТВ-серијата „На терапија“.