Јелена од „Фчерашни“ стана мајка

Водителката Јелена Богојевиќ, која беше дел од „Фчерашни вести“, стана мајка. Јелена и нејзиниот сопруг Срѓан за прв пат станаа родители, добија син.

Минатиот месец тие направија мала интимна свадба, а се свршија лани во август во Крушево.

Јелена во март преку социјалните мрежи објави дека ќе стане мајка.

Богојевиќ  за прв пат се појави на малите екрани со улогата на Матеа во детската серија „Наше маало“.Потоа настапуваше на детскиот фестивал „Златно славејче“ и глумеше во филмот „Бубачки“.  Своемвремено беше и презентерка на Метео 5, а последно таа беше водителка на емисијата „Магазин“ на Сител Телевизија.

Scroll to Top