Јордан Митев го откажа настапот за 8. септември оти не му кажале дека e партиски одбележан

Фолк пејачот Јордан Митев нема да настапи во Пеленица 8-ми септември на Денот на независноста, иако неговото гостување беше најавено. Рече дека не му било кажано дека се работи за партиски одбележан настап.

„Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8- ми Септември е партиски одбележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамрено изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека нема да учествувам на 8ми Септември во Пеленица“, рече Митев.

За потсетување на „Традиционален пикник во Пеленица” по повод 8. Септември, Денот на независноста на Македонија најавени се настапи на Сања Барби, Сузана Гавазова, Адријана Кеш, Благоја Грујовски и други фолк музичари.

Scroll to Top