Јован Јованов номиниран за најдобар продуцент на САД: „По трите награди за филмска музика, ова е огромна чест“

By

Композиторот и поранешен пејач Јован Јованов, кој веќе пет години живее во Канада, освои три награди за филмска музика за филмот Petrichor. Филмот, кој ја раскажува приказната за девојка што се занимава професионално со уметничко лизгање, својата премиера ќе ја има в година. Јован е композитор на песната Not Affraid to Fall, која е дел од музиката за филмот.

„Наградите за најдобра песна од музиката за филмот ги освоив заедно со Лива, со која ја работев Not Affraid to Fallа. Едната награда ја добивме на меѓународниот фестивал American Golden Picture на Флорида, а другата на Venice Film Festival во Калифорија. Третата награда е на Tracks Music Awards, кој е меѓународен музички фестивал“, откри Јован за „Репортер“.

Јован и Лива во неговото студио во Канада

Освен што ги освои трите престижни награди, тој ни кажа и дека е номиниран за наградата „Најдобар продуцент“ на Hollivud Music in Media Awards, што ќе се доделуваат во јануари. Тој и лани беше дел од доделувањето на овие награди.

„Огромна чест е што добив номинација за оваа награда оти ова е моја прва номинација за продуцент во Америка. Песната што е номинирана се вика Your Love, а ја пее Дион Јорки“, ни откри Јован.

Јован, кого јавноста го знае и како Џеј Џеј, од Македонија си замина во време кога музиката стагнира. Но, и покрај тоа што се пресели во земја каде што е тешко да се пробиеш на музичката сцена, во ниеден момент не помислувал да се откаже од музиката оти со неа се занимава повеќе од 20 години. Почна со групата „Магија“, преку соло кариерата, па компонира песни за македонските пејачи. По успехот во Канада, каде што има свое студио, сега планира да го освојува и центарот на музичката индустрија во светот и сака набргу да се пресели со семејството во Лос Анџелес.

А. Јовановска

Ќе ви се допадне

AnimeFreak animefreak: Watch DARLING in the FRANXX Episode 1

GoGoAnime one punch man season 2 gogoanime: Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 13