Денот ми почнува секогаш со кафе, потоа вежбање, појадок, па тренинг. Посебен ритуал ми е дека секогаш станувам барем еден час порано од времето кога треба да го напуштам својот дом. Утринското кафе сакам да го пијам сама во мир, па затоа и станувам пред останатите. Сакам да пијам еспресо, а почитувам и турско кафе.
Доколку немам обврски, за викенд сакам да поспијам до покасно, а за мене ‘покасно’ е 10-11 часот. Потоа уживам во кафе и појадок со пријателите.
Мојата утринска нега за убавина почнува така што го мијам лицето со гел, потоа ги нанесувам серумите што ги користам, а завршувам со хидратантна крема.
Стајлингот, пак, го одбирам во зависност од обврските што ги имам во текот на денот, а кога станува збор за викендот, секогаш се облекувам според расположението.
По природа сум многу позитивна, така што честите патувања и фотосесии, дури и да ме заморат и изнервираат, тоа трае цели 5 минути и повторно се враќам на позитива. Не сакам да губам време во нервирање и избегнувам негативни луѓе.
Токму затоа позитивната мисла што ме води низ денот е: Сè е возможно доколку вистински го посакуваш и веруваш во себе.
Кафе-муабет со Елена Реи, интернационален модел