Кафе-муабет со Павле Николовски: Само јас сум одговорен за мојата среќа

Начинот на кој го започнувам денот ја поставува основата за целиот ден, па бидејќи сакам среќен и продуктивен почеток на денот, си имам создадено свои утрински ритуал. Првиот ритуал веднаш по будењето е да им посветам неколку минути на работите за кои сум благодарен. Тогаш ги ставам во фокус оние нешта што имаат посебно значење во мојот живот.

Веднаш потоа го спремам првото црно кафе со стевија за побрзо да се расонам, а најчесто го пијам сам во тишината на мојот дом. Тогаш половина час можам да одвојам за известувањата и пораките од социјалните мрежи. Потоа секогаш следи тренингот кој најчесто трае два часа.

Викендите вообичаено ги користам за дружење со пријателите или за патувања.

Расположението често знае да ми се менува, а работи што веднаш го поправаат на подобро се слушање на омилената музика, долги разговори со пријателите, прошетка на сонце, па и афирмации кои ми помагаат да ги заменам негативните мисли со позитивни.

Најчеста мисла која ме води низ денот е: Јас сум одговорен за својот живот и среќа и никој друг не смее да го одредува мојот пат. Го давам најдоброто од себеси и тоа е доволно.

Кафе-муабт со Павле Николовски, интернационален модел

Scroll to Top