Како би изгледал светот кога Земјата би се движела во спротивен правец

By

Дали некогаш сте се запрашале дали работите би биле поинакви кога нашата планета би се движела и ротирала во спротивен правец од оној за кој што знаеме?

dobivaj vesti na viber

Новинарите на BBC Future ваквото прашање им го поставиле на научниците, кои откриле многу интересни податоци за ротацијата на Земјата.

Ако застанеме на екваторот, Земјата под нас ќе се врти со брзина од 1.670 километри на час, што се однесува до движењето на брановите и струењето на воздухот.

Кога сѐ би било наопаку, Сахара би била една од најдождливите подрачја на Земјата, калифорниските пустини би биле влажни, а мочуриштата на Флорида целосно би пресушиле.

Од друга страна, кога Земјата, на пример, би ја забавила ротацијата, сончевата страна би била сѐ потопла, а темната страна на Земјата би станала ледена. Земјата, за волја на вистината, навистина забавува, но тој процес се одвива многу бавно.

Денеска денот е 1,7 милисекунда подолг отколку што бил пред илјада години, а со тоа темпо Земјата целосно би запрела за 1,9 трилион години.

За споредба, вселената е стара околу 14 милијарди години.

 

 

Ќе ви се допадне