Калаштурница, невкус и кичерајска музика му се случува на Охрид, вели Четкар за својот град

Познатиот џез музичар Владимир Четкар реагираше на гласната музика која деновиве може да се слушне до доцните часови во центарот на Охрид. За кичерајот кој му се случува на градот со години наназад музичарот рече дека поттикнувал огромна лавина на некултура и безредие.

„Да не должам многу и поедноставно да се изразам. Оваа калаштурница, невкус и хаос во Охрид, кој моментално се случвит, а се случвел и години наназад е срамота за сите нас почнувајќи од локалната самоуправа па се до сите државни институции кој на било кој начин се поврзани со ова безредие кое поттикнува една огромна лавина на некултура. Трештење на кичерајска музика до 2 насабајле од сите страни во централното градско јадро и вознемирувањето на сите охриѓани, домашни и странски туристи од кои повеќето дошле во потрага по мир, одмор и пријатно искуство е злочин спрема Охрид и спрема сè шо овој духовен и културно-историски центар претставуват“, рече Четкар.

За потсетување, Четкар е од Охрид, но често патува и во САД. Пред да се пресели во Њујорк живееше во Бостон, а често одржува свирки во голем број ноќни клубови низ познатите американски метрополи.

Летово одржа неколку концерти во Њујорк, Кливленд и Детроит, а паралелно работеше и на продукцијата на неговиот нов студиски албум.

Scroll to Top