Калин Ивановски без загубен сет стигна до полуфиналето на турнирот во Тунис

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Тунис.

Калин денеска беше подобар од Французинот, Артур Букие со 2-0 во сетови. 

Ова е трета победа на Ивановски на турнирот и тоа без загубен сет, а засега нема загубено сет и во полуфинале ќе се бори против Тао Му или Федерико Јаноконе.

Тенисерот кој е 534 на АТП листата е прв носител на овој турнир.

Scroll to Top