Калин Ивановски испадна од турнирот во Франција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Кретеј, Франција. Петтиот носител на турнирот загуби со 2:1 од Французинот Тристан Ламасин.

Првиот сет го освои Ивановски со 7:6 (3), а Ламасин беше подобар во следниот тај-брејк со 7:1. Во решавачкиот трет сет Ламасин стигна до третиот триумф откако славеше со 7:5 во последниот тај-брејк.

За пласман во големото финале Ламасин ќе игра против седмиот носител Лукас Катарина од Полска кој двапати со 6:3 го елиминира Антоан Гибодо од Франција.

Scroll to Top