Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфинале на турнир во Србија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски победи во два сета, против Либанецот Хди Хабиб, на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања во Србија со што сепласираше во полуфиналето.

На турнирот се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Ивановски ја оправда фаворитската улога, меѓутоа се измачи против тенисерот од Либан. Првиот сет го доби по тај-брејк со 8:6, додека во вториот избегна доигрување и со 7;:5 ја обезбеди победата.

Полуфинален ривал на Ивановски ќе му биде 21-годишниот Украинец Олександр Овчаренко.

Настапот во Србија за Ивановски е последна подготовка пред учеството на турнирот во Скопје што ќе се одржи во периодот од 21 до 28 мај.

Scroll to Top