Калин Ивановски првпат меѓу 500 најдобри тенисери на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се искачи десет места на АТП листата и сега се наоѓа на 494 место. Ова е негов досегашен најдобар пласман во кариерата и првпат да влезе меѓу продолжи да се искачува на АТП ранг-листата на која од денеска за прв пат во кариера се наоѓа меѓу најдобрите 500 тенисери.

Ивановски изминатиот период настапи на четири фјучерс-турнири во Тунис и двапати дојде до финалето.

Македонскиот тенисер поради повреда вчера го откажа настапот во финалето на турнирот во Монастир.

Прв на АТП листата и понатаму е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Нему сега му недостига уште една недела на врвот да го израмни апсолутниот рекорд што го држи поранешната германска тенисерка Штефи Граф, која беше на чело на ВТА-листата 377 недели.

Scroll to Top