Каролина блесна меѓу полици со стари книги: Нека заживеат библиотеките

Пејачката Каролина Гочева на Инстаграм објави фотографија што пред две години ја сликале Ани и Дими во библиотека. „Една заборавена, необјавена“, вели таа за сликата. Во црн тесен фустан со еден ракав, таа пак го привлече вниманието, а обожавателите велат дека блеска меѓу полиците со стари книги.

„Нека заживеат библиотеките“, „Прекрасна си“, „Преубава, како и секогаш“, ѝ напишаа фановите.

Но, имаше и такви што коментираа дека Каролина станала носталгична, оти последниве денови постојано објавува стари слики. Таа на инста-стори објави слики од настапот на Скопски фестивал 1998 година, кога имала 17 години, ама и една стара фотографија со Тоше, од времето кога двајцата беа ексклузивци на Авалон продукција.

„Многу спомени деновиве“, вели Гочева.

Scroll to Top