Каролина, Дуке и Исмаил од вечер ја почнуваат серијата концерти во Филхармонија

Каролина, Дуке Бојаџиев и Исмаил Луминовски вечерва во Филхармонија ќе го одржат првиот од петте концерти на кои ќе го промовираат албумот „Песни за љубов и копнеж“.  Публиката првпат во живо ќе слушне 11 подзаборавени македонски песни направени во втората половина на 20 век, кои ги создадоа едни од најдобрите композитори, Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица и други.

Првиот концерт е вечерва од 20 часот, вториот и третиот се на 24 декември од 20 и од 22:30 часот, а четвртиот и петтиот во недела, 25 декември од 20 и 22:30 часот во Македонската филхармонија.

„Идејата за овој албум дојде во 2016 година, по бројни настапи и соработки на Каролина, Дуке и Исмаил. По ова внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со цел на тоа да им се даде нов живот на некои од најубавите песни на домашната забавна музика“, вели организаторот „Авалон продукција“.

Scroll to Top