Каролина, Дуке и Исмаил за неполна недела ги распродадоа сите три концерти

Каролина, Дуке Бојаџиев и Исмаил Луминовски, за неполна недела ги распродадоа трите концерти„Песни за љубов и копнеж“, па организаторот Авалон најави и четврти, кој ќе се одржи на 25 декември. Тие велат дека ова најверојатно ќе биде последен концерт во оваа сезона.

„Иако се чини дека интересот за овој проект станува сè поголем и поголем со секој распродаден концерт (досега се распродадоа три во неверојатно брз рок), сепак ви најавуваме дека четвртиот концерт на 25 декември во 20:00 часот ќе биде веројатно и последен во овој мини-маратон од концерти, бидејќи Македонска филхармонија има претходно закажани настани до крајот на 2022“, велат од Авалон.

Првиот концерт ќе се одржи на 23 декември, а за 24 декември се закажани два концерта, од 20 и од 22:30 часот.

„Песни за љубов и копнеж“ се состои од 11 преработки на најубавите, но и подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20 век, напиша Каролина во најавата за концертот.

Албумот ќе биде достапен на сите дигитални платформи од 24 декември, а со секоја купена влезница следува и подарок албум.

 

Scroll to Top