Каролина, Дуке и Исмали најавија и петти концерт во Филхармонија, по распродадени четири

По распродадени четири Авалон продукција го најавија и петтиот концерт на Каролина, Дуке Бојаџиев и Исмаил Луминовски, „Песни за љубов и копнеж“ за на 25 -ти декември во Филхармонија.

„Поради екстремно брзото распродавање на првите 4 концерта, како и неверојатниот интерес за влезници кој се’ уште трае, се одлучивме да го заокружиме маратонот на концерти за 2022 -тата со уште еден претполноќен концерт со извонредните Каролина, Дуке и Исмаил, на 25 -ти декември во Македонската филхармонија“, соопштија од Авалон.

Првиот концерт ќе се одржи на 23 декември, а за 24 и 25 декември се закажани два концерта, од 20 и од 22:30 часот.

„Песни за љубов и копнеж“ се состои од 11 преработки на најубавите, но и подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20 век, напиша Каролина во најавата за концертот.

Албумот ќе биде достапен на сите дигитални платформи од 24 декември, а со секоја купена влезница следува и подарок албум.

Scroll to Top