Каролина и Михаил прославија три години брак

Поп-ѕвездата Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубин вчера прославија три години брак. Нејзините пријатели споделија фотографии од нивната свадба, за која со денови се пишуваше. Пред да се земат, тие беа неколку години во љубовна врска. За потсетување, свадбата беше на спортскиот аеродром Стенковец.

И ова беше еден од оние настани на кои се појавуви речиси цела естрада. Каролина и Михаил, кој е уметник, се активни на социјалните мрежи, и често споделуваат фотографии од нивните патувања. Во времето на карантинот и пандемијата двојката не замина надвор од земјава, туку беа на Пелистер и во Охрид.

Scroll to Top