Модната критичарка The Other Lagerfeld за Репортер го коментираше стајлингот на поп-пејачката Каролина Гочева и топ моделот Катарина Ивановска што го одбрале за изложбата на Михаил Корубин.
Каролина Гочева блесна со стајлингот. Се појави опуштено, но стилско издание. Таа искомбинира светли широки фармерки, огромна бела кошула, со Барби розеви салонки и шарена Фенди торбичка. Оверсајст бела кошула и фармерка за секогаш ќе биде безвременска комбинација. Ми се допаѓа како Каролина со вметнување на летни бои и сексипилот на салонката додава една острина и живост во самата, доста обична комбинација. Ваквата игра на стилови е буквално дефиниција на „кежуал-чик“, коментира The Other Lagerfeld.
Кога станува збор за останатите гости, би се задржала на Катарина Ивановска која според мене носеше бомба од фустан. Taa ја истакна својата долга и витка линија со минимален долг црн фустан. Dлабокото деколте и високиот шлиц, како и рамната линија околу ракавите се одговорни за постигнување на една вертикална илузија која дополнително го издолжува телото и акцентира една тенка долга силуета. Асиметричните копчиња се интересен детал кои додадоа живост. Фустанот е едноставен, но во исто време елегантен и женствен. Но, не ми се допаѓа изборот на обувки. Би преферирала некоја обична салонка или позатворена сандала.
Додека, уште еден добар моден момент ѝ се препишува на Ана Серафимова, која се појави во црно издание кое во комбинација со долгата црна коса изгледаше многу моќно и типски. Миди црна сукња со ретро кожена јакна и асиметрична сандала го дефинираа стајлингот на Ана.
За Репортер коментира Тhe Other Lagerfeld