Каролина ја најави изложбата на сопругот Михаил Корубин во Чифте амам

Уметникот Михаил Корубин вечерва ќе има изложба во Чифте амам. Самостојната изложба на Корубин, „Визуелна артикулација“ се отвора вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути.

„Секојдневно гледаме по стотици ликови, но сепак ќе се појави некој лик кој ќе ве изненади, натажи, воодушеви или насмее. Фасцинантно е колку сме генетски исти, а сепак толку различни… Нос, уста, очи, веѓи“, изјави Михаил Корубин.

Поддршка и најава за изложбата во Чифте амам Михаил доби и од неговата сопруга Каролина Гочева која објави кратко видео на Инстаграм како најава за изложбата.

Поп-пејачката во брак е со Михаил 6 години. Вели дека е среќна. За фотогрфаијата која тој и ја нацрта за каверот на албумот „Извор“ вели : „Моја желба и идеја беше Михо да ме нацрта, но не знаев дали ќе прифати“, изјави Каролина за Репортер.

Михаил Корубин е роден во Скопје.Тој е третата генерација визуелни уметници, неговиот дедо уметник Миле Корубин и неговиот татко уметник Рубенс Корубин. Дипломирал на Факултет за ликовни уметности – Скопје, на отсекот сликарство. Михаил Корубин магистрирал сликарство на истиот факултет во класата на проф. Благоја Маневски.
Scroll to Top