Каролина на море ги брои последните денови од летото

Поп ѕвездата Каролина Гочева со сопругот Михаил ги минува последните денови од одморот. Објави фотографии и видеа од плажа.

„Последните денови од летото“, порача Каролина која од фановите доби само комплименти.

„Изгледаш екстра. Уживајте“, и порачаа тие.

За потсетување, Каролина неодамна се врати од женски одмор на кој беше со мајка си, сестра си и со внуките. За „Репортер“ ни рече дека тие денови ѝ биле најубави.

„Секое лето тие неколку дена ми се најубави. Знаеме и да се скараме и да се смириме, ама тоа е сè нормално за семејствата што се блиски“, ни рече Каролина.

Scroll to Top