Каролина најголемите хитови ќе ги пее на концерт во Охрид

Каролина на 4 август на Касарна во Охрид ќе го одржи концертот „Ајде да летаме“ со најголемите поп-хитови. Ова ќе биде втор ваков концерт на пејачката, откако на 1 јули настапи во Скопје и направи вистинско шоу пред македонската публика.

„Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, во живо ќе може да ги слушнете Хипокрит, За нас, Капка под небото, Не се враќаш, Се лажам себе и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30-годишната кариера на Каролина“, вели организаторот „Авалон продукција“.

Влезниците се веќе пуштени во продажба, а чинат 500 денари за партер, 700 денари за фан пит и 1200 денари за вип.

Scroll to Top