Поп-пејачката Каролина Гочева викендов имаше концерт во Маврово во Ле Гранд Арена. Преполна арена ги пееше најголемите хитови на Гочева, а публиката уживаше во одлична атмосфера и добра енергија.
Каролина расположена излезе на сцената, а присутните од почеток до крај пееа во еден глас со неа. На репретоарот беа песните кои ја оддбележаа нејзината кариера, но и хитови кои потсетуваат на најубавото време на македонската музика. „Ајде да летаме“, „Милениум со тебе“, „Сакај ме“, „За нас“, „Капка под небото“, „Се лажам себе“ и уште многу песни кои Каролина на кои публиката играше и пееше се до крајот на концертот.
Поп-пејачката на сцената беше поддржана од нејзиниот бенд, а помеѓу нив и Никола Мицевски близок соработник на Каролина.
Пејачката беше облечена во костим, со кратко сако и сукња со нестандарден крој, како и црно боди со корсет.
Ноќ за паметење и дружба со пријателите, се само дел од коментарите на оние кои беа дел од концертот.
Настапот на Каролина Гочева е во рамките на Mavrovo Sound & Culture. Во најава е концертот на Петар Грашо на 4-ти март.
Фото: Даниел Николовски