Каролина снима спот во Стара чаршија

Поп-ѕвездата Каролина Гочева снима нов спот. Интересни кадри од снимањето Каролина сподели на својот инстаграм-профил. Облечена во бел фустан, пејачката се шеташе низ Старата скопска чаршија, а потоа возеше и велосипед низ Скопје. Интересно е што Каролина на овој спот повторно работи со Чедо Поповски, режисерот со кого пред неколку години соработуваше и ги сними повеќето спотови. Каролина изминатиов период беше актуелна по серијата концерти што ги одржа во градовите низ земјава промовирајќи го албумот „Извор“.

Scroll to Top