Голем број од познатите дојдоа на концертот на хрватската ѕвезда Северина во Скопје. Пејачката настапи во „Мош бар“, а во публиката беа и топ моделот Катарина Ивановска и поранешниот кошаркар Перо Антиќ.
Тие веќе не се заедно па секој од нив дојде со свое друштво. Манекекната се забавуваше со пејачката Тамара Тодевска која синоќа го прослави 38 роденден. Двете постојано излегуваат заедно во скопските дискотеки и клубови.
За потсетување, Перо и Катарина од неодамна раскинаа и прекинаа да се следат на „Инстаграм“.