Кате, нас глумците баш лесно нè забораваат: Весна Бејби со емоции се прости од Мара Попара

Актерката Весна Бејби со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од глумицата Катерина Крстева, која почна вчера на 82 години. Весна и Катарина, која сите ја знаеја како Мара Попара, долги години беа пријателки, но и колешки во Македонскиот народен театар.

„Драга моја Кате (сестро да ти кажам) или во народот позната како Мара Попара, да си го најдеш мирот и извини што сите те заборавија. Прости им што не ја знаеја твојата тажна приказна и барем малку што дознавме, па подостоинствено да ја завршиш оваа приказна. Ефектот кој го имаше на другите е највредната валута која постои. Со тебе израснаа многу генерации, а само мал круг знаевме колку си луцидна, остроумна и благородна. Кате, многу ми е жал. Нас глумците баш лесно нè забораваат. Слава ти“, напиша Весна на Инстаграм.

Комеморацијата за Катерина Крстева ќе се одржи во МНТ на 12 јануари во 12 часот, а семејството, блиските пријатели и познајници ќе можат да ѝ оддадат почит.

Scroll to Top