Кавга за наследството, внуците на Есма ќе тужат за лажен тестамент

Четири години по смртта на Есма Реџепова, внуците и браќата сè уште се караат околу налседството, кое сè уште не е распределено. Иако нејзините посвоени деца велат дека не ги сакаат ни парите ни куќата, сепак нејзините браќа и внуци бараат дел од наследството, па велат дека своите права ќе ги бараат на суд.

Аднан Реџепов, внук на Есма, кој е син на нејзиниот брат и кој живее во Германија, сака да ја тужи хуманитарната организација „Есма и Стево Теодосиевски“ на која треба да ѝ припадне куќата. Тој се сомнева дека хуманитарната организација неправедно го присвоила имотот и го лажирала тестаментот на Есма.

Есма пред десет години изјави дека планира да отвори музеј „Дом на хуманоста“, во нејзината семејна куќа во скопската населба Шуто Оризари.  На прашањето на новинарите кога планира да го доврши музејот, Есма тогаш изјави: „Старите луѓе знаат да кажат, ‘Немој никогаш да ја довршуваш куќата веднаш. Остави барем нешто недовршено за да имаш причина да живееш’. Но, јас сепак би сакала барем оваа година да го завршам“.

Есма остави и големо интелектуално богатство. Таа беше ѕвезда на светската музика, чии цедиња се продаваа низ цела Европа. Освен за недвижностите, роднините се караат и за авторските права од нејзината музика.

Прва на „Фејсбук“ се огласи Васка Јанковска, некогашен пратечки вокал во бендот на Горан Бреговиќ. Таа тогаш напиша дека се сомнева во вистинитоста на тестаментот на Есма и дека авторските права требало да ги добие Симеон Атанасов.

„Симеон, еден од посвоените синови на Есма, беше со неа на сите концерти и настапи и се грижеше за нејзината кариера и по смртта на нејзиниот сопруг Стево“, напиша таа.

Scroll to Top